Пандев: Игравме колку што ни дозволија Шпанците

Од:

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев го призна поразот од подобрата селекција на Шпанија, која синоќа на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје славеше победа со 2:1.

Пандев рече дека нашата селекција почнала со преголем респект кон противникот, на моменти и исплашено и дека било тешко да се игра против селекција која цело го контролира поседот на топката.

– Знаеме каква репрезентација е Шпанија, почнавме исплашено, па дури во вториот дел личевме на себе. Сепак игравме колку што тие ни дозволија. Тешко е да се игра против репрезентација која постојано ја има топката. Мислам дека толку е и нашиот лимит. Играме добро цел циклус квалификации и мислам дека заслуживме повеќе бодови, нагласи Пандев.

Македонската селекција во моментов е петто пласирана со само три бодови освоени на гостувањето кај Лихтенштајн со победата од 3:0.

Би можело да ве интересира

Беше голем талент и одби да игра за Македонија, па од Порто дојде до Будуќност

Македонија минимално поразена од Саудиска Арабија

Повредата не е сериозна – Пандев ќе паузира една недела

А1он

Пандев: Ова ми е последна сезона, во јуни во пензија

Катерина Ѓуровски

Шевченко е нов тренер на Пандев во Џенова

Пандев ќе одигра уште една сезона за Џенова

А1он