Македонскиот фудбалски репрезентативец Горан Пандев го постигна третиот гол за Наполи, во дуелот со Аталанта на „Сан Паоло“ во Неапол, за победа на неговата екипа од 3:2.
Натпреварот го отвори Едисон Кавани со удар од белата точка, за да по кратко време Аталанта изедначи со автоголот на Паоло Канаваро.
Во второто полувреме со вториот гол на Кавани, Наполи на кратко дојде до предност, но во 73-та минута Денис го изедначи резултатот на 2:2.
Во 81-та минута Пандев им стави крај на надежите на Аталанта и му донесе победа на својот тим.
Елена Георгиевска