Пандев асистент на два гола

Од:

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев беше асистент на два гола на синоќешниот натпревар меѓу Наполи и Интер, а дуелот заврши со резултат 3:1 за Наполи.

Стрелец на трите гола беше Единсон Кавани во 3.минута (асистенција Пандев), 33.минута (пенал) и 78.минута (асистенција Пандев). Нашиот репрезентативец беше заменет во 85.минута со Инсиње.

Голот за Интер од пенал во 23.минута го постигна Алварез.

Јувентус со победата во 35.коло од 1:0 против Палермо ја обезбеди титулата на три кола до крајот. За екипата од Торино ова е 29.та титула.

На другите натпревари од 35.коло беа постигнати следниве резултати: Удинезе – Сампдорија 3:1, Милан – Торино 1:0, катанија – Сиена 3:0, Џенова – Пескара 4:1, Лацио – Болоња 6:0, Парма – Аталанта 2:0, Фиорентина – Рома 0:1 и Киево – Каљари 0:0.

Табела: Јувентус 83 бодови (првак), Наполи 72, Милан 65, Фиорентина 61, Рома 58, Удинезе 57, Лацио 55, Интер 53,…

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска