Панамскиот претседател прогласи неработен ден поради пласманот на СП

Од:

Претседателот на Панама Хуан Карлос Варела го прогласи 12 октомври за неработен ден во државата поради пласманот на фудбалската репрезентација на Мундијалот 2018 во Русија.

Панама за прв пат во историјата стигна до финалето на Светското првенство, откако ноќеска во драматичен дуел ја победи Костарика со 2:1.

-Панама, прославувај го овој историски ден. Го прогласувам 12 октомври за национален празничен ден. Благодарам на тимот, денес вие испишавте историја и го исполнив сонот на над четири милиони Панамци, напиша Варела на Твитер.

Ова е историски ден за нашата земја. Утре ќе одмараат сите работници како во државниот, така и во приватниот сектор. Нема да има ниту настава во приватните и државните училишта. Славете го денот со своите семејства, додаде претседателот.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он