Палас го објави крајот на сагата со Заха

Од:

Тимот на Кристал Палас нема да ја продаде својата ѕвезда Вилфред Заха на Евертон.

Заха во последните денови е поврзуван со трансфер во тимот на „карамелите“. Сепак, раководството на Палас изјави за „Скај Спортс“ дека трансфер бизнисот на тимот е завршен и напаѓачот нема да замине.

Менаџерот Рој Хоџсон даде свое мислење на оваа тема и ја разјасни ситуацијата со играчот.

„Тој останува со нас и сите сме задоволни од овој факт. Сите сме задоволни што оваа сезона тој ќе биде дел од тимот и ќе ни помогне. Факт е дека тој сакаше да си замине, но работите не излегоа како што посакуваше. Тој има договор со нас и ние сме убедени дека тој ќе ги исполни своите професионални обврски. Со нетрпение очекуваме да се врати и да биде во добра форма, за да ни помогне. Тој е во добри односи со сите, така што нема проблем со тоа. Неговиот проблем е со сопственикот на клубот. На него останува да одлучи дали понудите се доволно задоволителни за да му овозможи на Заха да си замине , изјави Хоџсон.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска