Германскиот фудбалер Месут Озил поради повреда на скочниот зглоб нема да игра во пријателскиот меч на Германија против Аргентина закажан за во среда,
Тим менаџерот Оливер Бироф ја потврди информацијата, додавајќи дека фудбалерот на Арсенал останал во Лондон, но и дека во недела сепак ќе настапи за Германија против Шкотска во првиот меч од квалификациите за Европското првенство 2016 година, дуел кој ќе се игра во Дортмунд.
Покрај Озил, селекторот Јоаким Лев на овие натпревари ќе ги нема и Филип Лам, Пер Мертезакер и Мирослав Клосе, кои по освојувањето на шампионскиот трофеј на Мундијалот во Бразил, решија да ставата крај на репрезентативната кариера.