Отворен меѓународниот турнир во џудо „Миоки опен”

Од:

Во малата сала на СЦ „Борис Трајковски” денеска е отворен 6-от меѓународен турнир во џудо „Миоки опен”, во организација на Џудо клубот Миоки од Скопје, а по повод Меѓународниот ден на џудото.

На натпреварот учествуваат џудисти во три старосни категории во вкупно 50 тежински категории. Покрај од Македонија, има екипи и од уште 12 балкански држави.

Турнирот го отвори директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, кој го искажа задоволството што Градот Скопје и Република Македонија се наметнуваат на европската спортска мапа како одлични организатори и домаќини на реномирани меѓународни спортски натпреварувања.

– Особено ме радува фактот што на овој турнир ќе учествуваат и шест македиондки екипи со околу 70 натпреварувачи, што зборува дека овој спорт во нашата земја високо котира и е практикуван од многу млади луѓе низ целата држава, изјави директорот Спасески.

На почетокот на настанот беше доделена награда и на најдобрата македонска џудистка во младинска категорија, Берна Шерифовска, која воедно е и носител на стипендијата “Спортска надеж” која ја доделува Агенцијата за млади и спорт.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

Инклузивен прирачник за џудо со адаптирани техники за лица со интелектуална попреченост

Орце Костов

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска