Отпадна една од опциите за Единсон Кавани

Од:

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Единсон Кавани нема да премине во редовите на Манчестер Јунајтед за време на зимскиот преоден рок, објави „Тајмс“.

„Црвените ѓаволи“ биле известени дека Кавани е достапен на пазарот, но англискиот клуб не се согласува да му плати 400.000 евра неделно и да потроши занего 20 милиони евра, колку што бара ПСЖ. Јунајтед е исто така загрижен за честите повреди на фудбалерот, кој ќе наполни 33 години во февруари.

Манчестер јунајтед не сака да ја повтори грешката што ја направи со Алексис Санчез во Арсенал на почетокот на 2018 година.

Кавани му се придружи на ПСЖ од Наполи во 2013 година за сума од 55 милиони фунти и постигна 195 гола на 269 натпревари за Французите.

Тој има постигнато пет голови оваа сезона и асистира за еден на 14 натпревари.

Би можело да ве интересира

Лига 1 може да продолжи во средината на јуни

Ана Ололовска

Икарди сака да го напушти ПСЖ и да се врати во Италија

Ана Ололовска

ПСЖ е подготвен за трансфер на Милинковиќ Савиќ од Лацио

Ана Ололовска

ПСЖ нема да го пушти Мбапе на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска

Кавани го постигна својот 200. гол за ПСЖ

Ана Ололовска

ПСЖ влегува во трка со Јувентус за потписот на Погба

Ана Ололовска