Осумдесет и девет странски играчи од 34 земји се подготвуваат за рестартот на сезоната во НБА

Од:

НБА лигата се подготвува да ја продолжи сезоната 2019/20, што беше прекината во март поради пандемијата на коронавирус. Вечер 30 минути по полноќ ќе се игра дуелот меѓу градските ривали од Лос Анџелес, Лејкерс и Клиперс, додека во 3 часот е мечот Њу Орлеанс – Јута.

НБА известува дека има 89 неамерикански играчи од 34 земји кои се подготвуваат за рестартирањето со 22 екипи. Осум од нив учествуваа на „Ол-стар“ натпреварот, што е рекорд.

Секоја од 22. екипи има барем по еден странец. Повеќето од овие играчи се во Далас (7).

Најмногубројни кошаркари покрај САД, за време на рестартирањето се од Канада (15) и Франција (7). Австралија, Германија и Србија се претставени со по пет играчи.

Натпреварите по рестартот ќе бидат прикажани во 215 земји во светот.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа