Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром го претрпе осмиот пораз во регионалната АБА лига.
Аеродромци вечерва се поразени во Загреб на гостувањето кај Цибона со 70:61 во натпревар од 12.коло.
Уште на самиот старт домаќините поведоа со 7:0, па МЗТ Скопје постојано ја бркаше предноста на противникот која во еден момент изнесуваше и највисоки 11 поени. На полувремето домаќинот замина со 8 поени предност (44:36). Благодарение на добрата игра во завршните три минути од третиот период МЗТ Скопје дојде и до еден поени негатива 55:54. Во последната четвртина сино-белите постигнаа само 7 од кои само еден кош од игра, а останатите 5 поени сите од слободни фрлања, па на крајот неизбежен беше поразот со конечни 70:61.
Најефикасен во редовите на МЗТ Скопје беше Американецот Дион Диксон кој постигна 18 , а Сеад Шеховиќ придодаде 12 поени.
Кај Цибона, Јуре Лалиќ со 20 поени беше најефикасен, додека македонскиот интернационалец Владо Илиевски средбата ја заврши со 5 поени и 3 асистенции.
По 12 одиграни кола, МЗТ Скопје сега е на 12-место, со учинок од 4 победи и 8 порази.
Покрај овој натпревар, денеска се одигра и средбата во Подгорица, каде екипата на Будуќност е поразен од Цедевита со 70:80.
Вчера беа одиграни четири натпревари, а на сите победи остварија домашните екипи: Унион Олимпија – Левски 89:70, Шолнок – Крка 63:59, Задар – Партизан 69:68 и Мега Лекс – Металац 99:92.
Колото ќе биде заокружено со средбата Црвена звезда – Игокеа која ќе се игра во понеделник.