Оптимизам во таборот на Металург

Од:

Македонските екипи кои настапуваат во ракометната Лига на шампиони вчеравечер ги добија своите противници во групите, а во таборот на нашиот првак Металург владее умерен оптимизам.

– Познати се нашите противници во групната фаза, познат е и распоредот по кој ќе се играат натпреварите во новата сезона на Лигата на шампионите. Кај нашите ракометари владее умерен оптимизам и желба да се повтори успехот од претходните три сезони, соопштуваат од Металург.

Според капитенот Наумче Мојсовски, на Металург му престои голема борба.
– Фаворити се екипите на Кил и на Пари Сен Жермен, но тука е и Загреб, клуб со голема традиција. Екипата на Натурхаус оваа сезона гради респектабилен тим, а опасен ќе биде и квалификантот, без разлика дали се работи за Брест Мешков или за Татран Прешов. Но, и покрај се, сметам дека шансите на Металург се сосема солидни и очекувам пласман во наредната фаза, вели Мојсовски.

Неговиот заменик на капитенската функција Ванчо Димовски изјави дека Металург заслужи да се најде меѓу фаворитите.

– Првпат не влечеа од вториот шешир и тоа нешто значи и вреди. Редно е другите да се плашат од Металург и нема да згрешам ако кажам дека влегуваме во тројката главни фаворити во групата, заедно со екипите на Кил и на Пари Сен Жермен. Не чека интересна сезона, голема борба, но и можност да ја задржиме позицијата која ја стекнавме во европскиот ракомет.

Металург минатите две сезони ја поминуваше групната фаза иако преку квалификации обезбедуваше место во Лигата на шампионите, а во новата сезона за првпат директно се пласира во елитното натпреварување, исто како и Вардар, вториот македонски претставник во ЛШ.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ