Екипата на Олимпик Марсеј со синоќешната победа на последниот натпревар од 30. коло во француската Лига 1 над Ленс од 4:0 ја намали разликата на конкурентите во борбата за шампионската титула.
Олимпик Марсеј остана на третото место, но лидерот ПСЖ има два бода повеќе, а вториот Олимпик Лион само еден.
Триумфот екипата од Марсеј го оствари постигнувајќи ги сите четири голови во вториот дел.
Резултати од 30.коло: Ленс – Олимпик Марсеј 0:4, Ремс – Монако 1:3, Сент Етиен – Лил 2:0, Бастија – Генгамп 0:0, Каен – Мец 0:0, Евиан – Монпеље 1:0, Рен – Нант 0:0, Тулуз – Бордо 2:1, Олимпик Лион – Ница 1:2 и ПСЖ – Лориен 3:1.
Табела: ПСЖ 59 бодови, Олимпик Лион 58, Олимпик Марсеј 57, Монако 53, Сент Етиен 52, Бордо 48,…