Тимот на Олимпик Марсеј повторно е лидер во француската лига откако синоќа на домашен терен го совлада Бордо со 3:1, иако гостите водеа со 1:0.
Со овој триумф Олимпик се врати на првата позиција со еден бод пред шампионот ПСЖ кој во петокот барем привремено се искачи на врвот на табелата.
Резултати од 14.коло во Лига 1: Олимпик Марсеј – Бордо 3:1, Монпеље – Тулуз 2:0, Нант – Сент Етиен 0:0, Генгамп – Рен 0:1, Лориен – Ленс 1:0, Монако – Каен 2:2, Ница – Ремс 0:0, Бастија – Олимпик Лион 0:0 и Мец – ПСЖ 2:3.
Табела: Олимпик Марсеј 31 бод, ПСЖ 30, Олимпик Лион 27, Нант 24, Бордо 24, Сент Етиен 23, Рен 22,…