Олимпик Марсеј поуспешен од Олимпик Лион

Од:

Со сигурна игра и победа од 4:2 фудбалерите на Олимпик Марсеј освоија нови три бодови и повторно се во конкуренција за место во евро куповите за следната сезона.

На „Велодром“ во Марсеј во последниот натпревар од 36.коло Олимпик славеше над Олимпик Лион. Домашната екипа двете полувремиња ги доби со 2:1.

Со 58 бодови Олимпик Марсеј е на шестото место и е со два бода зад синоќешниот ривал.

На другите дуели беа постигнати резултатите од оваа рунда во Лига 1: Лориен – Ајачио 1:0, Ремс – Евиан 1:0, Сошо – Ница 2:0, Тулуз – Нант 1:1, Валенсиен – Бордо 0:1, Сент Етиен – Монпеље 2:0 и Бастија – Лил 1:1.

Колото ќе биде комплетирано в среда со натпреварите: Монако – Генгамп и ПСЖ – Рен.

Табела: ПСЖ 83 бодови, Монако 75, Лил 68, Сент Етиен 63, Олимпик Лион 58, Олимпик Марсеј 56,…

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска