Лидерот на табелата во француската Лига 1 Олимпик Марсеј загуби синоќа на гостувањето кај Монпеље со 2:1 на првиот натпревар од 20. коло.
Домашните на полувремето водеа со 1:0, а по нивното водство од 2:0 Олимпик Марсеј успеа само да го намали резултатот. Ова е втор пораз на последните три натпревари за Олимпик.
Денеска се играат шест натпревари од оваа рунда: Бастија – ПСЖ, Евиан – Рен, Генгамп – Ленс, Лил – Каен, Ница – Лориен и Ремс – Сент Етиен.
Утре на програмата се дуелите: Олимпик Лион – Тулуз, Нант – Мец и Монако – Бордо.
Табела: Олимпик Марсеј 41 бод, Олимпик Лион 39, ПСЖ 38, Сент Етиен 36, Монако 32, Бордо 31, Нант 30,..