Фудбалерите на Олимпик Лион синоќа постигнаа убедлива победа на гостувањето кај Бордо во рамките на последниот натпревар од 19.коло од француската Лига 1. Лион го победи Бордо со 5:0 и со новите три бодови се проби на втората позиција на табелата веднаш зад лидерот Олимпик Марсеј и пред првакот ПСЖ.
На другите дуели од оваа рунда беа постигнати следниве резултати: Сент Етиен – Евиан 3:0, Олимпик Марсеј – Лил 2:1, Каен – Бастија 1:1, Лориент – Нант 1:2, Мец – Монако 0:1, Рен – Ремс 1:3, Тулуз – Генгамп 1:1, ПСЖ – Монпеље 0:0 и Ленс – Ница 2:0.
Табела: Олимпик Марсеј 41 бод, Олимпик Лион 39, ПСЖ 38, Сент Етиен 36, Монако 32, Бордо 31,…