Со победата на гости над Ремс , екипата на Олимпик Лион повторно е прва на табелата во Лига 1. Синоќа Олимпик Лион славеше победа од 4:2 и со ист број бодови, но подобра гол разлика од шампионот ПСЖ е на првата позиција.
Првакот ПСЖ веќе утре може повторно да биде прв, бидејќи ќе го игра одложениот дуел со Мец.
Резултати од 34.коло: Ремс – Олимпик Лион 2:4, Ленс – Монако 0:3, Сент Етиен – Монпеље 1:0, Бордо – Мец 1:1, Каен – Генгамп 0:2, Евиан – Бастија 1:2, Рен – Ница 2:1, Тулуз – Нант 1:1, ПСЖ – Лил 6:1 и Олимпик Марсеј – Лориен 3:5.
Табела: Олимпик Лион 68 бодови, ПСЖ 68, Монако 62, Сент Етиен 60, Олимпик Марсеј 57, Бордо 55, Монпеље 52,…