Нерешено без постигнат гол заврши последниот натпревар од 28.коло на француската фудбалска Лига 1 меѓу домашниот Олимпик Лион и Олимпик Марсеј.
Најголема полза од овој резултат има лидерот ПСЖ, бидејќи конкурентите за шампионската титула останаа на четири, односно на седум бодови зад него.
ПСЖ успеа да ги освои трите бода со победата над Нанси од 2:1.
На другите натпревари од овој круг беа постигнати следниве резултати: Бордо – Бастија 1:0, Ница – Монпеље 2:0, Ајачио – Лориен 1:0, Брест – Тулуз 0:1, Евиан – Сошо 5:1, Троа – Ремс 4:2, Валенсиен – Лил 1:3 и Рен – Сент Етиен 2:2.
Табела: ПСЖ 57 бодови, Олимпик Лион 53, Олимпик Марсеј 50, Сент Етиен 48, Ница 48, Лил 46, Монпеље 44,…