Фудбалерите на Олимпик Лион синоќа во последниот натпревар од 16.коло на Лига 1 го совладаа Сент Етиен со 1:0 и со тоа во третиот дерби дуел по ред постигнуваат победа. Стрелец на единствениот гол беше Мишел Бастос во 65.минута.
Претходно Лион ги совлада Олимпик Марсеј и шампионот Монпеље.
На другите натпревари од 16.коло во Француското фудбалско првенство беа постигнати следниве резултати: Олимпик Марсеј – Лориен 0:3, Ремс – Бордо 0:0, Монпеље – Ајачио 3:0, Сошо – Лил 1:1, Троа – Ница 1:1, Нанси – Валенсиен 1:1, Рен – Брест 2:2, ПСЖ – Евиан 4:0 и Тулуз – Бастија 0:0.
Табела: Олимпик Лион 34 бодови, ПСЖ 29, Олимпик Марсеј 29, Сент Етиен 26, Валенсиен 26, Бордо 26, Рен 26,.