Бугарскиот пливач Петар Стојчев од неодамна е министер за спорт во Бугарија и нема да се натпреварува оваа година на патеката Климе Савин од Свети Наум до Охрид.
36-годишниот Стојчев единаесет пати беше победник во последните 12 години, а од 2006 седум пати по ред победувал на Охридскиот маратон, а минатата година постави и рекорд на патеката Климе Савин.