Завршниот турнир во ракомет – кадетска женска конкуренција ќе се одржи во салата „Билјанини Извори“ во Охрид в недела (2 април), информира Ракометната федерација на Македонија.
Организатор на „Фајнл Фор“ турнирот е екипата на Лихнид 2012.
Распоред на натпревари:
(Полуфинале, 11:00 часот) Металург – Лихнид 2012
(Полуфинале, 12:45 часот) Куманово – Вардар СЦЈС
(Натпревар за 3 место, 18:00 часот)
(Финале, 19:45 часот).