Официјално: Клод Пуел се враќа во Франција

Од:

Сент Етјен го отпушти менаџерот Жизлен Принто, а клубот во соопштение посочи дека тојнаскоро ќе биде повикан од страна на раководството за разговори, поради наводно нарушување на договорот.

Тој синоќа беше заменет со Клод Пуел. 58-годишниот стратег потпиша со „зелено-белите“ до летото 2022 година.

Претходно водеше екипи како Монако, Лил, Лион и Ница, како и Саутемптон и Лестер, од каде беше ослободен во февруари годинава.

Интересно е што Пуел е ментор со најмногу лигашки натпревари во Лига 1 овој век – 506 од 577. Најверојатно тој ќе го направи своето деби во недела за дербито со Лион.

Искусниот тренер го презема Сент Етјен, кој во моментов е на претпоследното 19-то место во француската Лига 1.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска