Официјално, Дејвид Мојс нов менаџер на Манчестер јунајтед

Од:

Дејвид Мојс и официјално е нов менаџер на Манчестер јунајтед. Веста ја потврдија „црвените ѓаволи“ на својата официјална интернет страна со пораката „Добредојде“.

Досегашниот кормилар на Евертон потпиша шестгодишен договор со англискиот шампион, каде го наследува својот сонародник, пријател и досегашен ривал сер Алекс Фергусон.
50-годишниот Мојс заминува од Евертон по 11 сезони. Тој со премиерлигашот од „Гудисон парк“ не успеа да освои ниту еден трофеј, но го стабилизираше клубот и ги освои срцата на фановите. Јунајтед го избира Мојс на сугестија токму на сер Фергусон, а новиот кормилар на „црвените ѓаволи“, кој должноста ја презема на 1. јули, како прва задача веројатно ќе има да успее да го предомисли и задржи Вејн Руни на „Олд Трафорд“.

– Разговарав со челниците на клубот и сите сме согласни дека Дејвид Мојс е најдоброто решение за Јунајтед. Тој е прекрасен човек со одлично работни навики. Веќе подолго време сум фан на неговата работа. Сакав да го донесам уште во 1998 година како свој асистент. Тогаш беше се уште млад и на почеток на кариерата. Во Евертон заврши одлична работа. Тој поседува се што треба да има менаџер на Манчестер јунајтед – изјави Фергусон, кој по 27 сезони и 38 освоени трофеи реши да се повлече од менаџерската позиција на Јунајтед, каде останува како директор и амбасадор на клубот.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска