Одредни селекторите на младинските кошаркарски селекции на Македонија

Од:

На денешната седница на Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација по предлог на Стручниот совет беа назначени селектори на младинските репрезентации на Македонија, откако претходно сите кои ја вршеа оваа функација беа разрешени.

Денис Дервишевиќ ќе ги предводи играчите родени 2003 година и помлади (М14) на меѓународен турнир во периодот од 24 до 27 август во Словењ Градец, Словенија.

Кошаркарите родени 2001/2002 година (М16) кои оваа година во период од 10 до 19 август ќе се натпреваруваат на Европското првенство (Дивизија Б) што ќе се одржи во Софија, Бугарија, ќе бидат предводени од Горан Ѓеоргиевски, како селектор.

Нивните врснички кои оваа година пред домашна публика од 17 до 26 август ќе се натпреваруваат на Европското првенство (Дивизија Б) ќе добиваат совети покрај аут-линијата од Стојна Вангеловска, која ќе има улога на селектор.

Играчите од генерацијата 1999/2000 (М18) оваа година ќе бидат дел од Европското првенство (Дивизија Б) што ќе се одржи во периодот од 28 јули до 6 август во Талин, Естонија и ќе бидат предводени од селекторот Ѓорѓи Кочов.

Анета Глигорова е назначена за селектор на кошаркарките родени 1999/2000 година (М18) кои ќе се натпреваруваат на континенталното првенство во Даблин, Република Ирска во периодот од 4 до 13 август.

Играчите до 20 години, кои ќе играат на Европското првенство (Дивизија Б) што од 14 до 23 јули ќе се одржи во Орадеа, Романија ќе бидат водени од селекторот Мирко Петрески.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он