Одложени уште две натпревара од француската Лига 1

Од:

Уште два натпревара од француската Лига 1 беа одложени поради барање на властите. Како што е познато, во последните недели Франција е потресена од протести и доста натпревари беа одложени или презакажани од безбедносни причини.

Дербито на Бретања меѓу Гинган и Рен, како и мечот меѓу Марсеј против Бордо, кои првично беа планирани за недела, ќе се играат на подоцнежен датум, кој ќе се прецизира подоцна. Француската фудбалска лига објави дека причината за одложувањето е преголемиот ангажман на полицијата и недостатокот на доволно вработени на определени места.

Домашната средба на Ница против Сент Етјен, која требаше да се одигра утре, како и саботните дуели Нант- Монпелие и Каен- Тулуз се одложени поради истите причини.

Мечот Каен-Тулуз ќе се одигра во вторник, изјавија од раководството на Лигата.

Минатата недела, шест натпревари беа одложени поради безбедносни причини и антивладини протести. Шесте натпревари во прашање се закажани за 15-ти и 16-ти јануари.

Би можело да ве интересира

Зидан го добива најчудниот договор во историјата на фудбалот

А1он

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска