Одложен годинешниот Илинденски мал пливачки маратон во Охрид

Од:

Поради ситуацијата со коронавирусот и зголеминиот број туристи во Охрид, организаторите решија да го одложат 41. Илинденскиот мал пливачки маратон.

Според последните информации, маратонот нема да се одржи во предвидениот реводен термин на 2 август, туку во некој од наредните викенди. Точниот термин за одржување ќе биде дополнително соопштен.

Организатор на традиционалниот спортски настан е пливачкиот клуб „Охридски бранови“, а покровител е градоначалникот Константин Георгиески, односно Општина Охрид.

Претходно, Пливачката федерација ја откажа организацијата на Големиот пливачки маратон кој воопшто нема да се одржи оваа година поради КОВИД кризата. Откажана е и 10-километарската трка од светската серија на ФИНА. 

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

(ВИДЕО) Претседателот Пендаровски ги пречека учесниците на 36. Охридски пливачки маратон

Италијанецот Алесио Окипинти победник на Охридскиот пливачки маратон, французинката Каролин Жуис најдобра кај жените

Означен стартот на 36-тиот Охридски пливачки маратон

Горан Наумовски

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ