Француските прволигаши синоќа ги одиграа натпреварите од последното 38. коло. Старо-новиот шампион ПСЖ на домашен терен со 4:0 го победи Монпеље, додека Лил обезбеди пласман во квалификациите од Лигата на шампионите со пласманот на третото место.
Во Лигата на шампионите ќе играат: ПСЖ и Монако, а во Лига Европа: Генгамп (победник на Куп), Олимпик Лион и Сент Етиен во квалификации Лига Европа.
Лига 1 ја напуштаат Сошо, Валенсиен и Ајачио.
Резултати од 38.коло: Бастија – Нант 0:0, Лориен – Лил 1:4, Олимпик Марсеј – Генгамп 1:0, Монако – Бордо 1:1, Ница – Олимпик Лион 0:1, ПСЖ – Монпеље 4:0, Ремс – Рен 1:3, Сошо – Евиан 0:3 Тулуз – Валенсиен 3:1 и Сент Етиен – Ајачио 3:1.
Конечна табела: ПСЖ 89 бодови, Монако 80, Лил 71, Сент Етиен 69, Олимпик Лион 61, Олимпик Марсеј 60, Бордо 53, Лориен 49, Тулуз 49, Бастија 49, Ремс 48, Рен 46, Нант 46, Евиан 44, Монпеље 42, Генгамп 42, Ница 42, Сошо 40, Валенсиен 29, Ајачио 23.