Одиграно 33. коло во Бундес лигата, Новески се прости во дресот на Мајнц

Од:

Во рамките на Бундес лигата попладнево се одиграа натпреварите од комплетното 33. коло, а последниот натпревар на домашен терен во дресот на Мајнц го одигра македонскиот интернационалец Николче Новески.

Тој одигра 345 натпревари и постигна 13 голови во периодот од 11 години додека го носеше дресот на Мајнц, а во еден период беше и капитен на екипата. Новески на дуелот со Келн одигра 88 минути.

Резултатите од денешните натпревари не донесоа разврска во борбата за второто место и за екипите кои ќе ја напуштат Бундес лигата, па така се ќе се решава следната сабота во последното коло.

Резултати од 33. коло: Аугсбург – Хановер 1:2, Вердер – Борусија Менхенгладбах 0:2, Фрајбург – Баерн 2:1, Херта – Ајнтрахт 0:0, Баер Леверкузен – Хофенхајм 2:0, Мајнц – Келн 2:0, Шалке – Падерборн 1:0, Штутгарт – Хамбургер 2:1 и Волфсбург – Борусија Дортмунд 2:1.

Табела: Баерн 76 бодови, Волфсбург 68, Борусија Менхенгладбах 66, Баер Леверкузен 61, Шалке 48, Аугсбург 46, Борусија Дортмунд 43, Вердер 43,…, Херта 35, Фрајбург 34, Хановер 34, Штутгарт 33, Хамбургер 32, Падерборн 31.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска