Одиграни шест натпревари од 27. коло во Бундес лигата

Од:

Во германската Бундес лига попладнево беа одиграни шест натпревари од 27.коло во кои гостите беа поуспешни славејќи победа на три од нив.

Шампионот Борусија Дортмунд ги освои бодовите на гостувањето кај Штутгарт со 2:1. Хановер беше подобар од Аугсбург со 2:0, а во Дизелдорф, домашната Фортуна загуби од Баер Леверкузен со убедливи 4:1.

На двете средби каде се радуваа домашните екипи, Шалке со 3:0 го победи Хофенхајм, а Фрајбург ја порази екипата на Борусија Менхенгладбах со 2:0.

Единствено немаше победник на натпреварот меѓу Мајнц и Вердер кој заврши со резултат 1:1. Целиот натпревар во дресот на Мајнц го одигра Николче Новески.

Во терминот од 18 часот и 30 минути ќе се одигра натпреварот во Минхен каде лидерот на табелата Баерн го пречекува Хамбургер.

За утре се закажани средбите, Волфсбург – Нирнберг и Гројтер Фурт – Ајнтрахт.

Табела: Баерн Минхен 69 бодови (натпревар помалку), Борусија Дортмунд 52, Баер Леверкузен 48, Шалке 42, Мајнц 39, Ајнтрахт 39 (натпревар помалку), Фрајбург 39,…

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска