По одигрувањето на реванш осминафиналните натпревари познати се осумте екипи кои ќе играат во четвртфиналето од Лига Европа.
Оваа фаза мина без изненадувања, а потешко од очекувањата Манчестер Јунајтед ја елиминира екипата на Ростов. Во реваншот синоќа „црвените ѓаволи“ победија со 1:0 со голот на Хуан Мата во 70. минута.
Резултати на осминафиналните натпревари:
Манчестер Јунајтед – Ростов 1:0 (2:1 вкупен резултат),
Генк – Гент 1:1 (6:3),
Бешикташ – Олимпијакос 4:1 (5:2)
Краснодар – Селта 0:2 (1:4),
Ајакс – Копенхаген 2:0 (3:2),
Рома – Олимпик Лион 2:1 (4:5),
Борусија Менхенгладбах – Шалке 2:2 (3:3) и
Андерлехт – АПОЕЛ 1:0 (2:0).
Во четвртфиналето се пласираа екипите: Бешикташ, Генк, Селта, Ајакс, Андерлехт, Олимпик Лион, Манчестер Јунајтед и Шалке.
Извлекувањето на двојките ќе се изврши денеска од 13 часот во Нион.