Ширум Европа синоќа беа одиграни вкупно 21 натпревар од последната квалификациска рунда за влез во групната фаза во Лига Европа.
Македонските претставници Вардар и Шкендија имаа дијаметрално различни резултати. Вардарци со предност од два гола ќе патуваат на реванот во Истанбул, додека Шкандија од гостувањето во Милано се враќа со шест гола во својата мрежа.
Комплетни резултати од првите средби во плејофот за Лига Европа:
Вардар (Македонија) – Фенербахче (Турција) 2-0
Милан (Италија) – Шкендија (Македонија) 6-0
Аполон (Кипар) – Митјиланд (Данска) 3-2,
БАТЕ (Белорусија) – Oлександрија (Украина) 1-1,
Дининамо Загреб (Хрватска) – Скендербег (Албанија) 1-1,
Краснодар (Русија) – Црвена Звезда (Србија) 3-2,
Хафнарфјордур (Исланд) – Брага (Португалија) 1-2,
ПАОК (Грција) – Остерсунд (Шведска) 3-1,
Плзен (Чешка) – АЕК Ларнака (Кипар) 3-1,
Алтах (Австрија) – Макаби Тел Авив (Израел) 0-1,
Лудогорец (Бугарија) – Судува (Литванија) 2-0,
Панатинаикос (Грција) – Атетик Билбао (Шпанија) 2-3,
Ајакс (Холандија) – Розенборг (Норвешка) 0-1,
Клуб Бриж (Белгија) – АЕК (Грција) 0-0,
Домжале (Словнија) – Олимпик Марсеј (Франција) 1-1,
Виторул (Романија) – Салцбург (Австрија) 1-3,
Легија Варшава (Полска) – С. Тираспол (Молдавија) 1-1,
Осиек (Хрватска) – Австрија Виена (Австрија) 1-2,
Партизан (Србија) – Видеотон (Унгарија) 0-0,
Евертон (Англија) – Хајдук (Хрватска) 2-0 и
Маритимо (Португалија) – Динамо Киев (Украина) 0-0.
Реаванш дуелите ќе се играат на 24 август.