Одиграни натпреварите од второто коло на Евробаскетот

Од:

Седум репрезентации имаат по две победи на Европското првенство во кошарка по одигрувањето на второто коло.

Во групата А во Монпеље три селекции се со максимален учинок, а во групите Б и Ц по една репрезентација има две победи, додека во Д групата две победи постигнаа две селекции.

Македонија по два натпревара има по една победа и еден пораз.

Резултати и табели по 2.коло.

А група (Монпеље): Русија – Полска 79:82, Финска – Израел 66:79 и Босна и Херцеговина – Франција 54:81.
Табела: Франција 2-0 (победи-порази), Израел 2-0, Полска 2-0, Русија 0-2, Финска 0-2, Босна и Херцеговина 0-2.

Б група (Берлин): Србија – Германија 68:66, Исланд – Италија 64:71, Турција – Шпанија 77:104.
Табела: Србија 2-0, Шпанија 1-1, Италија 1-1, Германија 1-1, Турција 1-1, Исланд 0-2.

Ц група (Загреб): Македонија – Холандија 78:71, Словенија – Грузија 79:68, Грција – Хрватска 72:70.
Табела: Грција 2-0, Хрватска 1-1, Словенија 1-1, Холандија 1-1, Македонија 1-1, Грузија 0-2.

Д група (Рига): Естонија – Белгија 55:84, Летонија – Литванија 49:68, Украина – Чешка 64:78.
Табела: Чешка 2-0, Литванија 2-0, Белгија 1-1, Летонија 1-1, Украина 0-2, Естонија 0-2.

Денеска се играат натпревари од 3.коло во групите А и Д, додека во групите Б и Ц е слободен ден.

Двојки од 3.коло:

А група: Финска – Русија, Израел – БиХ, Франција – Полска.

Д група: Литванија – Белгија, Чешка – Летонија и Украина – Естонија.

Би можело да ве интересира

Избрана идеалната петорка на Евробаскет 2015, Гасол прогласен за МВП

Ана Ололовска

Шпанија нов европски шампион во кошарка

Емир Латифовиќ

Повторно соборен рекордот по број на гледачи на Евробаскетот

Ана Ололовска

Шпанија прв финалист на Евробаскет

Ана Ололовска

Евробаскет: Литванија по продолжение до победата над Италија

Ана Ололовска

Франција противник на Шпанија во полуфиналето на Евробаскетот

Ана Ололовска