Во фудбалската Лига Европа синоќа се одиграа натпреварите во 12-те групи од првото коло. Од македонските интернационалци настапи Иван Тричковски за полска Легија на гостувањето кај Митјиланд.
Неговата екипа загуби со 1:0, а Тричковски во игра влезе во 74.минута.
Резултати на дуелите од 1. коло:
А група: Фенербахче – Молде 1:3, Ајакс – Селтик 2:2.
Б група: Бордо – Ливерпул 1:1, Сион – Рубин 2:1.
Ц група: Кабала – ПАОК 0:0, Борусија Дортмунд – Краснодар 2:1.
Д група: Митјиланд – Легија 1:0, Наполи – Бриж 5:0.
Е група: Рапид Виена – Виљареал 2:1, Плзен – Динамо Минск 2:0.
Ф група: Либерец – Брага 0:1, Гронинген – Олимпик Марсеј 0:3.
Г група: Днипро – Лацио 1:1, Сент Етиен – Лацио 2:2.
Х група: Спортинг – Локомотив Москва 1:3, Скендербег – Бешикташ 0:1.
И група: Фиорентина – Базел 1:2, Лех – Белененсе 0:0.
Ј група: Андерлехт – Монако 1:1, Тотенхем – Карабах 3:1.
К група: АПОЕЛ – Шалке 0:3, Астерас – Спарта Прага 1:1.
Л група: Партизан – АЗ 3:2, Атлетик Билбао – Аугсбург 3:1.
Натпреварите од второто коло се играат на 1.октомври.