Одбојкарките на Работнички се изборија за „мајсторка„ против Јанта Волеј

Од:

Екипата на Работнички со вчерашната победа над Јанта Волеј се избори за решавачки меч во одбојкарскиот шампионат на Македонија во женска конкуренција.

Во четвртиот меч од финалето, одигран вчера вечер, Работнички, славеше победа над Јанта Волеј со 3:1 во сетови, со што го израмни резултатот на 2-2 во победи и се избори за мајсторка.

Првиот сет го доби Работнички со 25:15, а во вториот подобри беа одбојкарите на Јанта Волеј со 25:22.

Работнички третиот сет го реши во своја полза со 25:12, а во последниот сет беше нај неизвесен. Работнички имаше предност од 20:16, но со серија од 6:0 Јанта Волеј стигна до израмнување 20:20. Во финишот на мечот повеќе концентрација,  среќа и нерви имаа одбојкарите на Работнички и го добија со 27:25,  за конечни 3:1 во сетови.

Решавачкиот пети меч, по кој ќе биде познат македонскиот одбојкарски шампион кај дамите, Работнички и Јанта Волеј ќе го одиграат во четврток.

Би можело да ве интересира

Трет пораз на македонските одбојкарки во Европската сребрена лига

Ана Ололовска

Италија нов европски владетел во женска одбојка

Ана Ололовска

Италија го освои Европското првенство во одбојка за жени

Ана Ололовска

Двојна круна за одбојкарките на Јанта Волеј, ја освоија и шампионската титула

Жарко Настоски

Софија успешно ја продолжува одбојкарската лоза на Ричлиеви

Ана Ололовска

ЖОК „Ускана“ од Кичево во подготовки за новата сезона

Ана Ололовска