ЖОК „Ускана“ од Кичево во подготовки за новата сезона

Од:

Одбојкарски клуб „Ускана“ од Кичево, засилено продолжува скоро месец дена со подготовките за новата сезона на националното првенство во одбојка за жени.

– Нашиот клуб покрај тоа што започна со подготовки за новата сезона пред извесно време , ние од денеска започнавме и со регистрација на млади одбојкарки од разни возрасти односно категории кои сакаат да се занимаваат со овој спорт, вели претседателот на клубот Башким Мехмеди.

Целта е како релативно млад клуб оваа сезона ќе биде, подостоинствено претставување во националното првенство затоа што сметаме дека сега постепено ја земаме физиономијата на сериозен клуб, смета Мехмеди.

– Столбот на тимот е зачуван и тоа одбојкарски кои никнале претежно во нашиот клуб, но ќе се обидеме да донесеме некое евентуално засилување, иако и вака сме подготвени да направиме достоинствени натпреварувања во новиот шампионат, но свесен сум дека многу работи ќе зависат и од финансиските средства што ќе ги имаме на располагање како клуб, додава Мехмеди.

Би можело да ве интересира

Србија ја совлада Италија и се пласира во финалето на ЕП за одбојкарки

Ана Ололовска

Формирани двојките за полуфиналето на ЕП за одбојкарки

Ана Ололовска

Македонските одбојкарки против БиХ во второто коло на Балканското првенство

Ана Ололовска

Двојна круна за одбојкарките на Работнички Скопје

Ана Ололовска

Младинките на ЖОК „Јанта Волеј“ направија голем успех

Ана Ололовска

Формирани полуфиналните двојки на Мундијалот за одбојкарки

Ана Ололовска