Одбојкарската репрезентација на Македонија и во третиот обид не успеа да стигне до трофејот во Европската сребрена лига, откако во финалето беше поразена од Данска со 3-1 во сетови.
Македонската репрезентација имаше добар влез во воведниот сет и имаше контрола на резултатот. Данците успеаја да се приближат, но нашиот состав го освои сетот со 25-23.
Во вториот сет Данска заигра многу подобро и во средината на сетот успеа да направи опиплива предност и беше за сигурна за 19-25 и израмнување на 1-1.
Голема битка се водеше во третиот сет во кој се водеше израмнета борба, но финишот им припадна на Данците кои го освоија сетот со 25-27 и дојдоа на чекор до титулата.
Во четвртиот сет Данците беа во одличен ритам, го освоија со 19-25 и го прославија трофејот во Европската сребрена лига ина пласманот ов Златната лига.