Судот во Париз ја одби жалбата на Монако, која се однесуваше на Француската фудбалска федерација клубот да мора да го префрли своето седиште на територијата на Франција и тоа да го стори најдоцна до 1 јуни, следната година.
Монако како клуб во Лига 1 е привилигиран во однос на другите екипи поради даночните олеснувања кои важат во Кнежевството. Сопственикот на клубот, рускиот милјардер Риболовљев донесе звучни засилувања за големи финански средства за кои се платени минимални давачки за разлика од другите француски екипи.
Монако е ставен пред свршен чин да мора да најде начин како да продолжи да функционира, бидејќи со преместување на нивното седиште ќе биде опфатен со законите за даноци што важат во Франција, во спротивно може да биде изклучен од Лига 1.