Од Делчево до езерото Сандански преку планина

Од:

Планинари од девет европски земји успешно ја реализираа годинашнава Велигденска меѓународна планинарска тура.

Движењето на планинарите се одвиваше од Делчево до езерцето „Сандански“  и обратно, по лесна патека во вкупна должина од 12 километри.

– Оваа Велигденска меѓународна планинарска тура е дел од проектот „Млади планинари„ финансиран од Европската унија. Во неа зедоа учество млади планинари од Албанија, Шпанија, Италија, Полска, Литванија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово и Македонија, истакна Даница Лаковска, еден од националните координатори на проектот.

Домаќини на Велигденската меѓународна планинарска тура беа планинарите од Делчево, а учествуваа и планинари од Кавадарци и од Пехчево.

Учесниците во Велигденската меѓународна планинарска тура ги посетија манастирот „Св.Ѓорѓи„, средновековната тврдина  „Маркова кула„ и изворите на лековита вода.

Би можело да ве интересира

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка

Евакуирани се планинарите кои останаа заглавени во Националниот парк Триглав

Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

Орце Костов

Стотина планинарки и планинари се искачија на Димев Врв на Пелистер

Ана Ололовска

Планинарски марш на Пелистер во чест на Димитар Илиевски Мурато

Ана Ололовска