Планинари од девет европски земји успешно ја реализираа годинашнава Велигденска меѓународна планинарска тура.
Движењето на планинарите се одвиваше од Делчево до езерцето „Сандански“ и обратно, по лесна патека во вкупна должина од 12 километри.
– Оваа Велигденска меѓународна планинарска тура е дел од проектот „Млади планинари„ финансиран од Европската унија. Во неа зедоа учество млади планинари од Албанија, Шпанија, Италија, Полска, Литванија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово и Македонија, истакна Даница Лаковска, еден од националните координатори на проектот.
Домаќини на Велигденската меѓународна планинарска тура беа планинарите од Делчево, а учествуваа и планинари од Кавадарци и од Пехчево.
Учесниците во Велигденската меѓународна планинарска тура ги посетија манастирот „Св.Ѓорѓи„, средновековната тврдина „Маркова кула„ и изворите на лековита вода.