Очекувано финале Металург против Вардар Про

Од:

Очекувано лесно и Металург и Вардар Про ќе играат во финалето на Купот на Македонија, откако го совлада Куманово односно Пелистер.

Составот на Лино Червар максимално влезе во мечот, поведе со 9:0, а на полувреме имаше предност од 18:3.

И вториот дел служеше за тренинг на металурзите кои на крајот им дозволија на ракометарите на Куманово да стигнат до двоцифрен број на голови.

Одличен на голот на Металург беше Никола Митревски со 23 одбрани, а најпрецизни беа Марковиќ и Георгиевски со по шест гола.

Претходно во ворото полуфинале Вардар про славеше против Пелистер со 42:17. Најефикасни во победничкиот тим беа Јовчевски и Ојлески со по девет постигнати гола, додека во спротивниот табор по четири гола постигнаа Бошевски и Димитровски.

Вардар Про, на овој начин, се избори за своето 13-то финале во Купот на Македонија. „Црвено-црните“ досега имаат седум трофеи во ова натпреварување.

Финалето се игра во недела од 17:30 часот во Спортскиот центар Борис Трајковски.

Би можело да ве интересира

Пред болница во Белград нападнат е познатиот ракометар Веселин Вуковиќ

Горан Наумовски

Тунис пресилен за Македонија, не успеа камбекот во второто полувреме

Словенците и Унгарците без мака на почетокот на СП

Денеска на СП во ракомет: Словенците огромни фаворити против Саудиска Арабија

Словенките ја исфрлија Србија, Хрватска со последниот шут до реми со Швајцарките

Кил и Барса убедливи на стартот на новата сезона во ЛШ