Очекувана победа на Рома против Пескара

Од:

Во последниот натпревар од 33.коло на фудбалскиот шампионат на Италија одигран синоќа во Пескара, екипата на Рома забележа убедлива победа над последно пласираната Пескара со 4:1.

Мохамед Салах постигна два од четирите гола за гостите од Рим, а во листата на стрелците се запишаа и Кевин Стротман и Раџа Наинголан. Почесниот гол за Пескара го постигна Ахмед Бенали.

На претходно одиграните дуели од ова коло беа постигнати овие резултати:

Сасуоло – Наполи 2:2,
Милан – Емполи 1:2,
Киево – Торино 1:3,
Лацио – Палермо 6:2,
Сампдорија – Кротоне 1:2,
Удинезе – Каљари 2:1,
Фиорентина – Интер 5:4,
Аталанта – Болоња 3:2 и
Јувентус – Џенова 4:0.

Табела: Јувентус 83 бодови, Рома 75, Наполи 71, Лацио 64, Аталанта 63, Милан 58, Интер 56, Фиорентина 55,…

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска