Обрван очекува поволен резултат на дуелот со Швајцарија

Од:

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван и покрај проблемите со повредени играчи очекува позитивен резултат на гостувањето во Швајцарија.

– По исцрпувачката сезона овие подготовки беа добредојдени. Работевме на тактика и да ја освежиме екипата. Потребно е да направиме поволен резултат со Швајцарија, а Португалија сега за сега не не интересира, изјави Обрван на денешната прес-конференција.

Според него состојбата со повредените играчи е подобра. Филип Миркуловски изминативе денови работел иако е присутна болката уште од дуелот со Шпанија. Наумче Мојсовски последните 3-4 дена максимално тренира, но се чуствува паузата од трите недели без тренинг и тој ќе биде искористен онолку колку што ќе може да помогне.

Голманот Борко Ристовски од вчера е со репрезентацијата, но тој изминативе денови мина долг пат, откако мораше во саботата да настапи за својата екипа Гумерсбах во последното коло од Бундес лигата.

Комплименти за играта на швајцарскиот национален состав искажа и капитенот Кирил Лазаров.

– Швајцарија е поквалитетен состав од Португалија и не очекува тешка работа за да дојдеме до победа. Но, ние не заостануваме зад нив, туку сме подобри и тимски и поединечно. Мораме да влеземе максимално концентрирани за да стигнеме до победа.

– Според најаваите во Цирих ќе има и околу 700-800 наши навивачи, што треба да биде мотив повеќе за нас, а воедно очекувам и победа на Шпанија против Португалија, истакна капитенот Кирил Лазаров.

Македонија в среда во Цирих го игра еден од клучните дуели за пласман на Европското првенство во Данска. Нашите ракометари за да обезбедат учество на ЕП треба да ја победат Швајцарија и потоа во недела Португалија во Скопје, а во меѓувреме Португалија дома да изгуби од светскиот првак Шпанија.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП