Објавени добитниците на наградата „13 Ноември“ од областа на спортот

Од:

Годинашни добитници на Наградата 13 ноември од областа на спортот во образованието се професорите по физичко образование Игор Зафировски и Енвер Мифтари. Наградата за спортист ја доби автомобилистот Игор Стефановски-Иџе, за особени постигнувања алпинистот Здравко Дејановиќ, за тренер Иван Лесовски, а за спортски работник Панче Јакимовски.

Комисијата за награди и признанија одлучи наградата за спортски новинар да ја добие Перо Момировски, за животно дело Лазар Лечиќ, а за шах фиде мајсторот Димитар Илиевски. Наградени се и спотските спонзори Дејан Панделески и Сергеј Самсоненко, како и екипата на РК Вардар-жени

Наградите се доделени согласно критериумите за доделување на наградата13 Ноември на Сојузот на спортови на Скопје, а ќе бидат врачени утре на свечена седница.

Би можело да ве интересира

Снег во Скопје, врне и во останатите делови од државава

Измамена е 83-годишна жена, останала без 50.000 денари

Граѓански протест во Скопје: Улиците не се безбедни, кој е следен?

Инцидент во Скопје: Поради паричен долг насилник го грабнал должникот, па му се заканувал

Горан Наумовски

80-годишна жена од Скопје остана без 10.000 евра, му поверувала на лажен германски полицаец

Две малолетни девојки покосени со мотор на тротоар во Аеродром

Предраг Петровиќ