Објавен конкурсот за доделување државна награда „8 септември“

Од:

Одборот за доделување на државната награда „8 Септември”, денеска го распиша Конкурсот за доделување на оваа награда во 2013 година.

Предвидени се најмногу пет награди годишно на спортисти, тренери, селектори и спортски работници, од кои едната награда ќе биде за животно дело за исклучителен придонес во развој на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Македонија на меѓународен план.

Висината на државната награда е десет просечни македонски плати исплатени во последните три месеци од годината, додека паричниот износ на државната награда „8 Септември“ за животно дело е доживотна месечна исплата на една просечна плата исплатена во последните три месеци на тековната година.
Иницијативата за доделување на државна награда ја доставува матичната национална спортска федерација, подржана од најмалку десет национални спортски федерации.

Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ го сочинуваат: Зоран Радиќ, Ленче Алексовска, Арѓент Беќири, Томислав Андоновски, Иса Аслани, Горан Атанасовски, Сашо Поповски, Пепи Манасков, Гордана Нацева, Ѓорѓе Војновиќ, Горан Милковски, Драган Дојчиновски и Висар Ганиу.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Крива Паланка ќе добие нова фитнес зона

Ана Ололовска