Обамејанг предводник на Арсенал до трофејот во ФА Купот

Од:

Пјер-Емеринг Обамејанг е најзаслужниот за вечерашниот триумф на Арсенал над Челзи со 2:1 во финалето на ФА Купот.

На дуелот одигран на „Вембли“ во Лондон Обамејанг ги постигна двата гола за „топчиите“ во 28. минута од пенал и во 67. минута. Стрелец за Челзи беше Кристијан Пулишиќ уште во 5. минута.

Челзи го заврши натпреварот со играч помалку поради исклучувањето на Матео Ковачиќ во 73. минута.

По оваа победа, Арсенал се избори за учество во Лигата на Европа следната сезона.

Арсенал го освои ФА Купот по 14-ти пат и го поправи сопствениот рекорд.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Вулверхемптон го победија Челзи во 18. коло од англиската Премиер лига

Санчез ќе мора да паузира одреден период поради повреда

Челзи се договори за нов спонзор: „Сините“ ќе заработуваат 40 милиони по сезона

(ВИДЕО )Навивачите на Јувентус упаднаа на теренот со порака: Не го сакаме Лукаку

Предраг Петровиќ

Челзи го претстави новото засилување

Предраг Петровиќ

Арсенал го потврди и трансферот на холандскиот репрезентативец Јуриен Тимбер

Предраг Петровиќ