Нуров запрен во четвртфиналето, шансите за медал само теорија

Од:

Македонскиот борач Могамедгаџи Нуров загуби во четвртфиналето на Олимписките игри во Токио и драстично ги намали шансите за освојување медал во категоријата 97 килограми слободен стил.

Нуров, кој беше последниот седми македонски спортист со настап на Олимписките игри, денеска рано наутро во првата осминафинална борба го совлада Тунижанецот Мохамед Садуи со 5:0.

Во четвртфиналето македонскиот борач по голема борба загуби на поени со 6:4 од Кубанецот Раинерис Перез Салас и сега преостанува да се надева на борба за медал преку репесаж. За такво сценарио потребно ќе биде Салас да го совлада во полуфиналето најдобриот светски борач Абдулрашид Садулаев. Нивната борба е закажана за во 11:15 часот.

Би можело да ве интересира

Сребрените грчки ватерполисти, половина од премијата за медалот од Токио ќе ја донираат за погодените од пожарите

Свечено затворени Олимписките игри во Токио

Дресел најуспешен спортист, Мекион најуспешна спортистка на ОИ во Токио

Парадата на спортисти започна на свеченото затворање на Олимпијадата во Токио

А1он

Македонскиот борач Нуров остана без олимписки медал

Николов и Начевски ќе го судат ракометното финале на Олимписките игри

Катерина Ѓуровски