Ново Грен слем финале Синер – Алкараз, Шпанецот го елиминираше Ѓоковиќ

Од:

Двајцата најдобри светски тенисери во моментов се изборија за нов финален меч на Грен слем турнир. Тие во полуфиналните дуели одиграни ноќеска забележаа победи.

Во првото полуфинале Карлос Алкараз го совлада Новак Ѓоковиќ со 3:0 во сетови (6:4; 7:6(4); 6:2) за 2 часа и 25 минути игра. Својата доминација Алкараз ја покажа на стартот од мечот кога веднаш направи брејк и предноста ја искористи за да го освои првиот сет. Во вториот сет Ѓоковиќ поведе со 3:0 во гемови, но шпанскиот тенисер го врати загубениот гем и во тај брејкот беше подобар со 7:4 на поени. Во третиот сет Алкараз само потврди“ уште една победа над Ѓоковиќ.

Во второто полуфинале кое траеше 200 минути беше одигран еден сет повеќе. Јаник Синер поведе во мечот со Феликс Оже-Алиасиме, но противникот успеа да изедначи на 1:1. Сепак следните два сета ги освои Синер.

Финалниот меч Синер Алкараз ќе биде трет во низа на Грен слем турнирите, откако претходно играа на Ролан Гарос и на Вимблдон.

Вечерва од 22 часот на програмата е женското финале меѓу Арина Сабаленка и Аманда Анисимова.

Би можело да ве интересира

Синер пресилен за Ѓоковиќ – обезбеди финале на Вимблдон

А1он

Ѓоковиќ пцуеше на Вимблдон – казнет е 5.600 фунти

А1он

Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Вимблдон

Горан Наумовски

Јаник Синер стигна до првото полуфинале на Вимблдон

Ѓоковиќ се пласираше во осминафинале на Вимблдон

А1он

Синер елиминиран во второто коло на Ролан Гарос

А1он