Ѓоковиќ собори рекорд на Федерер

Од:

Во Базел, Новак Ѓоковиќ собори еден од последните рекорди што ги држeше Роџер Федерер.

Победата над Иго Умбер со 4:6, 6:3, 6:4 беше негова 20-та оваа сезона.

Ова е, всушност, 21-ва сезона на Новак Ѓоковиќ со 20 или повеќе победи на АТП-турнејата.

Досега тој беше израмнет со Роџер Федерер, при што двајцата имаа по 20 такви сезони. Рафаел Надал има 19 сезони со 20+ победи, Џими Конорс и Андре Агаси имаат по 18, а Фернандо Вердаско, Иван Лендл и Џон Мекинро имаат по 16.

Причината поради која Новак е во Базел е собирање доволно поени за учество на Завршниот мастерс на крајот од сезоната. Со оваа победа, тој се приближи до таа цел и моментално го зазема десеттото место на АТП-листата.

До крајот на сезоната, тој треба да престигне барем еден, ако не и двајца ривали, за да собере доволно поени.

Сега, во четврток, го очекува дуел со Јан-Ленард Штруф, а доколку победи, негов следен противник ќе биде Португалецот Нуно Боржес, кој веќе се пласираше во третото коло.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ против Ембер во првото коло на турнирот во Базел

A1on

Ѓоковиќ e елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД

Роџер Федерер дочекан со овации на „Артур Еш“, па го победи Родик

Ѓоковиќ: Сè уште се надевам дека ќе можам да стигнам до следните Олимписки игри

А1он

Синер пресилен за Ѓоковиќ – обезбеди финале на Вимблдон

А1он

Ѓоковиќ пцуеше на Вимблдон – казнет е 5.600 фунти

А1он