Новитети во доделувањето на „Златната топка“

Од:

Лионел Меси е добитник на „Златната топка“, најпрестижната индивидуална награда во фудбалот за сезоната 2022/23, која весникот „Франс Фудбал“ ја доделува од 1956 година. Од следната година таа награда повеќе нема да биде иста. Според последните информации, УЕФА се договорила со групата Амаури (која стои зад неделникот Франс Фудбал и дневниот весник Л’Екип), таа да биде коорганизатор во иднина.

Претходно, од 2010 до 2015 година, „Франс фудбал“ соработуваше со ФИФА, по што ја прекинаа соработката и одделно доделуваа награди, додека сега е воспоставена соработка со УЕФА. Од европската куќа на фудбалот се надеваат дека наградите кои заедно ги доделуваат сега ќе имаат поголем одек, бидејќи онаа што УЕФА ја доделува пред ждрепката на Лигата на шампионите – не ја покриваат медиумите.

Групата Амаури ќе остане сопственик на Златната топка, па ќе продолжи да го надгледува процесот на гласање, со додавање на уште две категории. Покрај оние за фудбалер на годината, голман, напаѓач и „хуманитарец на годината“, сега ќе имаме и тренер на годината во машкиот и женскиот фудбал. Тоа не е преголема отстапка, но ќе биде дека церемонијата се движи од година во година и дека не е секогаш во Париз.

Да потсетиме, Лионел Меси осум пати ја освојуваше „Златната топка“, а Кристијано Роналдо пет пати. Далеку зад нив со по три награди се Мишел Платини, Јохан Кројф и Марко ван Бастен.

Би можело да ве интересира

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Меси горд на рекордната седма „златна топка“

Ана Ололовска

Бензема: Се надевам дека ќе ја добијам Златната топка

А1он

Полската фудбалска федерација стравува дека Златната топка ќе ја освои Меси, а не Левандовски

Ана Ололовска

Церемонијата на доделување на „Златната топка“ на 29 ноември во Париз

А1он

Номинациите за наградата „Златна топка“ на 8 октомври

А1он