Номинациите за наградата „Златна топка“ на 8 октомври

Од:

Номинираните фудбалери во машка и женска конкуренција за наградата „Златна топка“ на реномираното списание „Франс фудбал“ ќе бидат објавени на 8 октомври.

На истиот датум ќе бидат соопштени и играчите, кои ќе влезат во конкуренција за освојување на наградите „Јашин“, за најдобар голман, и „Копа“, за најдобар млад фудбалер.

Престижната награда „Златна топка“ во чија организација повторно се вклучува реномираното француско списание, се враќа по едногодишна пауза, откако минатата година не беше врачена поради пандемијата на коронавирус.

Лауреати во 2019 година беа Аргентинецот Лионел Меси во машка, и Американката Меган Рапино во женска конкуренција.

Наградата за најдобар голман му припадна на Бразилецот Алисон, додека холандскиот дефанзивец Матијас Де Лихт беше прогласен за најдобар млад фудбалер

Би можело да ве интересира

Новитети во доделувањето на „Златната топка“

ВИДЕО: Меси горд на рекордната седма „златна топка“

Ана Ололовска

Бензема: Се надевам дека ќе ја добијам Златната топка

А1он

Полската фудбалска федерација стравува дека Златната топка ќе ја освои Меси, а не Левандовски

Ана Ололовска

Церемонијата на доделување на „Златната топка“ на 29 ноември во Париз

А1он

ВИДЕО: „Златната топка“ на ФИФА за Левандовски, Меси и Роналдо останаа без трофеј

Жарко Настоски